Инфо ден за спроведување и користење на средства од ИПАРД Печати

Со задоволство Ве покануваме да присуствувате на инфо денот во Општина Демир Хисар– дел од програмата ИПАРД 2014 – 2020

организиран од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Истиот ќе се одржи на ден 23.07.2020 година (четврток) во 15,00 часот во училишниот двор на О.У. Гоце Делчев

Воедно ги покануваме сите засегнати страни да учествуваат, со цел да се надгради нивното знаење и како крајна цел да се добијат квалитетни апликации за ИПАРД програмата согласно јавните повици кои се во тек (МЕРКА 1).

За таа цел, би ни било од особена чест доколку ја доставите оваа информација до земјоделците, преработувачите, земјоделското стопанство и сите останати потенцијални корисници на ИПАРД програмата заради поголема информираност и учество на инфо деновите.

Во прилог Ви ги доставуваме агендите за настаните. Исто така во продолжение на овој допис Ви го презентирам и протоколот според кој ќе се одржат овие настани.Истиот е изготвен според упатствата на Владата усвоени со Уредба за време на пандемија и препораките на Комисијата за заразни болести од која добивме согласност за одржување на истите.

ПРОТОКОЛ

Локации: ИНФО ДЕНОВИТЕ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР.

Тип на организација: Кино систем за аудиториумот со растојание од 1.5м до 2м помеѓу столови. За предавачите (претставници од Телото за Ипард и Агенцијата) 2 две клупи со по 1 предавач. Останатите претставници од овие 2 тела ќе бидат сместени странично од предавачките места и по потреба ќе се ротираат со предавачите.

Капацитет: за аудиториум максимум до 40 лица. За предавачи максимум до 2 (двајца претставници од секое тело).

Времетрање на настанот: 40 минути презентација, 30 минути одговор на прашања.

Техничка организација за време на пандемија:

1. На влезот од секоја локација ќе бидат поставени 2 брендирани пулта со логото на Ипард и мерката.

Пулт 1: (Лице од нашата агенција-3Д) Мерење на телесна температура на секој посетител. Доколку е во ред постапката продолжува со дезинфекција на раце и давање на заштитна маска доколку посетителот ја нема со себе. Доколку е забележана покачена телесна температура лицето се остранува и не му се дозволува присуство на настанот. Истото лице се евидентира и се пријавува во Кризниот штаб за понатамошна анкета од страна за здравствените работници.

Пулт 2: Оние посетители кои ќе го поминат протоколот на Пултот број 1, се упатуваат кон Пулт број 2. На овој пулт се прави евиденција на лицето за присутност (во овие услови евиденцијата за присутност ќе ја обавува лице од нашата агенција 3д поради безбедносни мерки), се дава рекламниот материјал - папката и освежување по желба вода или сок.

2. По спроведување на овие протоколи посетителите се упатуваат кон седечките места.

3. За прв пат од 20.07.2020 на настаните се вклучува и дополнително лице од страна на нашата агенција -3д со функција Ковид Менаџер одговорен за целосно спроведување на протоколот, спречување на групирање и сл.

4. По завршување на секој поединечен настан елементите / инвентарот кој ќе биде користен од наша страна ќе се дефинфизира со средтсво за дефинфекција. Одпадоците од пијалоците се фрлаат во затворена канта за отпадок.

5. Техничка опрема: техничката опрема останува иста (проектор, платно, табла, апарат за фотографирање) ќе биде донесена од наша страна, но ќе се користи доколку овозможуваат условите на дневна светлина. Озвучување се иззема од опремата поради состојбата со вирусот.

IPARD-_info_den_vo_Demir_Hisar_23.07.2020_001