Јавен повик до евидентирани невработени лица Печати

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Демир Хисар, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 20.08.2020 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско - корисна работа


Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата „Општинско-корисна работа“, проект  “Помош на деца со попреченост во образовниот процес во Општина Демир Хисар за учебна 2020/21 година”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од

  • 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)

заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Демир Хисар.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од

  • 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)

статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

     - долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени   лица над 5 години); 

     - млади лица до 29 години;

     - лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност;

     - родители на 3 и повеќе деца.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

     - Образовен асистент (три лица);

     - Личен Асистент (едно лице).

Заинтересираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Демир Хисар во периодот од 20.08.2020 година до 26.08.2020 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Демир Хисар и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Демир Хисар кај лицето Злате Бошевски, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Демир Хисар  кај лицето Сузана Митревска,  Центар за социјална работа Демир Хисар кај лицето Димче Митревски.

Општина Демир Хисар