ИЗВЕСТУВАЊЕ, ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР Печати

14.10.2020

.

grb za na veb

.


Министерството за транспорт и врски од 23 декември 2019 година официјално започна со имплементација на „Проектот за поврзување на локалните патишта“ финансиран со Заем од Меѓународна банка за обнова и развој - Светска банка во вредност од 70 милиони евра.

Согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за алоцирање на средства од Договорот за заем за „Проектот за поврзување на локални патишта“ број 44-1193/1 од 4 декември 2020 година ( „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 33/20), за Општина Демир Хисар ќе бидат алоцирани 694.618,81 евра.

Општина Демир Хисар во рамките на Компонентата 2 (Рехабилитација на локалните патишта), Под-компонента 2.1 (Рехабилитација на општински патишта и улици за да се подобри нивниот квалитет, безбедност и отпорност) го достави Под-проектот „Реконструкција на пат од Р29371-Слоештица“ во Општина Демир Хисар и истиот е селектиран за тендерирање во 2020 година. Постапката за тендерирање е во тек.

Крајниот корисник на Под-проектот е Општина Демир Хисар, односно граѓаните. Реконструкцијата на патот ќе овозможи побрз, побезбеден и поквалитетен пристап на граѓаните до пазарите, услугите и објектите од јавен интерес и ќе се зголеми мобилноста на осетливите групи на луѓе, што ќе резултира со поголем процент на задоволни корисници од условите на патот.

Со проектот предвидено е да се изврши реконструкција на локалниот пат Р29371-Слоештица во должина од 2,3 км.

Општина Демир Хисар во наредниот период за имплементација ќе достави уште три проекти и тоа „Реконструкција на локална улица 1 во с.Сопотница, Општина Демир Хисар“, „Реконструкција на локална улица 2 во с.Сопотница, Општина Демир Хисар“ и „Реконструкција на локална улица 3 во с.Сопотница, Општина Демир Хисар“. Подготовката на наведените проекти беше поддржана од Министерство за финансии на Република Северна Македонија преку Проект за подобрување на општинските услуги финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) – МСИП.