ИНФОРМАТИВНА ВЕСТ PDF Печати

22.7.2022

- Дезинсекција комарци - Втора Фаза, 2022 год.
.
dezinsekcija-foto-za-objava

.
ВТОРА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА
ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР
.
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство на РСМ, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Демир Хисар за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Демир Хисар, како општа противепидемиска мерка, се издава следново соопштение:
Ве известуваме дека на 22.7.2022 (петок), ќе се спроведува ВТОРА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците.
Запрашувањето ќе се врши во периодот од 17.00 до 00.00 часот.
.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата на течението на реките и водотоците, застојни води и подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Демир Хисар, урбани населби и локалитети предвидени во планот на програмата.
.
Со оваа информација се известуваат и медиумите, здруженијата на пчеларите, здравствените институции и други институции.


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер