ТППЕ Демир Хисар |
![]() |
ТППЕ Демир Хисар
1. Основање . Територијална противпожарна единица Демир Хисар официјално започнала со работа на 10 јануари 1994 година. Во тој период се среќаваат и како приправници, односно обавуваат пракса во ТППЕ Битола се до јануари 1995 година и тоа 8 вработени + командир. ТППЕ Демир Хисар функционира под Министерството за внатрешни работи се до 2005 година, а од 13.9.2005 се наоѓа под единицата на Локалната самоуправа. . 2. Структура . Во моментов ТППЕ Демир Хисар има 10 вработени. . 3. Надлежности . Територијалната противпожарна единица Демир Хисар ги врши следните работи: . - гаснење на пожари на подрачјето на Општина Демир Хисар; - отстранување на непосредната опасност за настанување на пожар; - спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загрозени од пожари и експлозии; - укажување техничка помош при незгоди и опасни ситуации; - извршување на други работи при несреќи и непогоди. . 4. Возен парк . ТППЕ Демир Хисар моментално располага со следниве возила: . - камион "Фап" 13 од 1967 година; - навално возила "Ивеко" од 2015 година - "Лада нива" во неисправна состојба од 1989 година. . Адреса: ул."29-ти Ноември" бб Демир Хисар Телефони: 047 276 552 Командир на одделение: Цане Митревски ј |