Skip to content
Уреди ги поставките за согласност

Ние користиме колачиња за да ви помогнеме ефикасно да се движите и да извршувате одредени функции. Подолу ќе најдете детални информации за сите колачиња во секоја категорија на согласност.

Колачињата кои се категоризирани како „Неопходни“ се зачувани на вашиот прелистувач бидејќи се неопходни за овозможување на основните функционалности на страницата.... 

Секогаш активни

Неопходни колачиња се потребни за да се овозможат основните карактеристики на оваа страница, како што се обезбедување безбедно најавување или прилагодување на вашите поставки за согласност. Овие колачиња не складираат никакви лични податоци за идентификација.

Нема колачиња за прикажување.

Функционалните колачиња помагаат во извршувањето на одредени функционалности како што се споделување на содржината на веб-страницата на платформите на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други функции од трети страни.

 

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за аналитика се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за метрика како што се бројот на посетители, стапката на отскокнување, изворот на сообраќај итн.

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за перформанси на веб-страницата, што помага во обезбедувањето подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за рекламирање се користат за да им се обезбедат на посетителите приспособени реклами врз основа на страниците што сте ги посетиле претходно и да се анализира ефективноста на рекламните кампањи.

Нема колачиња за прикажување.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Туристичка понуда на општина Демир Хисар

Општина Демир Хисар од денес е збогатена со една нова содржина на нејзината интернет страница, а тоа е Туристичка понуда.

Потребата за промовирање и достапност до туристичките потенцијали на Демир Хисар се јавува одамна, но конкретно е реализирана по препорака од Локалниот економско-социјален совет на Општина Демир Хисар а поддржана беше од Градоначалникот и Советот на Општина Демир Хисар. Доста пријатели на Демир Хисар со право реагираа дека не се достапни информациите за убавините на нашата општина, за особеностите на демирхисарското поднебје, за објектите за сместување, за рестораните и кафе баровите, за природните и антропогени ресурси, за верските објекти, за можноста за планинарски и велосипедски туризам и друго, едноставно за тоа како и зошто би го посетиле нашиот крај.

Со оваа нова содржина на интернет страницата на општината, секој заинтересиран може да ги најде на едно место сите неопходни информации за посета и престој во Општина Демир Хисар, секако секој според своите афинитети и потреби.

Секако дека оваа содржина ќе биде и понатаму отворена за идеи, како од локалните жители, така и од посетителите и секоја нивна иницијатива е добредојдена за збогатување на понудата.

Заинтересираните можат да пристапат до содржината на следниов линк: ТУРИСТИЧКА ПОНУДА