СЕ ЧИСТИ ЦРНА |
|
|
Вести
|
СЕ ЧИСТИ КОРИТОТО НА ЦРНА РЕКА
Со тешка механизација, започна чистењето на коритото на Црна Река по течението на реката во општината Демир Хисар. Армијата и општината се договорија, во атарите на селата Единаковци и Света, да се расчисти коритото и да се корегира водотекот на Црна Река во должина од околу 2,5 километри. За оваа цел обезбедени се 15000 литри нафта.
|
Повеќе...
|
|
НЕВРЕМЕ |
|
|
Вести
|
 
СИЛНО НЕВРЕМЕ ГИ УНИШТИ ПРОЛЕТНИТЕ КУЛТУРИ
Денеска околу 5 часот наутро, поширокото подрачје на општината Демир Хисар го зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од град. Градот со големина на зрно од лешник речиси целосно го побеле плодородното мургашевско, граишко, вардинско и светско-единаковско поле. Огромни површини засадени со пролетни градинарски култури (пипер, домати, грав) се речиси целосно уништени. На одредени парцели оштетувањата се толку големи, што ќе мора или да се пресадат или да се преораат. Штети има и врз есенските посеви и овошните насади – голем број површини под пченица и јачмен се, исто така, оштетени и полегнати, а плодот на овошните насади е скоро целосно уништен.
|
Повеќе...
|
НОВА ВЕБ СТРАНИЦА |
|
|
Вести
|

Почитувани сограѓани,
На 1 – ви јуни 2011 г. општината Демир Хисар ја пушти во функција новата веб страница – www.demirhisar.gov.mk. Таа е целосно редизајнирана и ажурирана со цел унапредување на повеќенасочната комуникација со јавноста, пред се граѓаните, и претставува суштинска промена на концептот на презентација на сите активности, настани, документи, информации.
|
Повеќе...
|
|
300 ИЛЈАДИ ЗА СОПОТНИЦА И СЛОЕШТИЦА |
|
|
Вести
|
Речиси цела работна недела, оперативата на градското комунално претпријатие „Комуналец“ интензивно работеше на санирање на оштетувањеата на асфалтната подлога на улиците во Сопотница и Слоештица. Се чистеа оштетувањата, се поставуваше тампон подлога, а потоа се асфалтираа сите оштетувања направени уште при изградбата на канализациските мрежи од пред 3 – 4 години. Поставен е тампон и асфалт на површина од над 130 квадратни метри, што општината ја чини над 300 илјади денари.
|
Повеќе...
|
ЌЕ СЕ ЧИСТИ ЦРНА РЕКА |
|
|
Вести
|
АРМИЈАТА И ОПШТИНАТА ЌЕ ГО ЧИСТАТ КОРИТОТО НА ЦРНА РЕКА
Со тешка механизација на Армијата на Рапиблика Македонија, наскоро треба да продолжи акцијата за чистење на коритото на Црна Река по течението во општината Демир Хисар. Според договорот што деновиве градоначалникот на општината Тони Ангелевски го потпиша со министерот за одбрана Зоран Коњановски, ќе се работи на расчистување на коритото во должина од околу 2,5 килопетри, во атарите на селата Единаковци и Света.
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 271 272 273 274 275 276 277 278 279 280 Следно > Крај >>
|
Страница 277 од 282 |