|
Ден на здравството |
|
|
Вести
|
ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 7 АПРИЛ
„По повод 7 – ми Април, Светскиот ден на здравјето, на сите здравствени работници на подрачјето на Општината Демир Хисар, им испраќам искрени честитки, со желба, во најскоро време здравството во нашата општина да биде во значително подобра положба. Ценејќи ја Вашата значајна улога во изградбата на здравствениот систем, како и вашата грижа за здравјето на граѓаните, Ви упатувам искрени честитки“, порача Градоначалникот на Општината Демир Хисар Тони Ангелевски во честитката испратена денеска до сите јавни и приватни здравствени работници во општината.
|
Повеќе...
|
Прием |
|
|
Вести
|

ПРИЕМ ЗА ПРИВАТНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ
За 17 приватни здравствени установи, колку што делуваат во општината Демир Хисар, по повод 7 – ми Април, Светскиот ден на здравјето, градоначалникот на општината Демир Хисар Тони Ангелевски, денеска приреди свечен прием во неговиот кабинет. |
Повеќе...
|
|
Во посета на СОУ „К.П. Мисирков“ |
|
|
Вести
|
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВО ПОСЕТА НА УЧИЛИШТАТА
Речиси полни шест часа, градоначалникот на општината Демир Хисар Тони Ангелевски беше во работна посета на учениците, наставниците и вработените во средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“.
- Училиштето не памети досега да го посетил било кој градоначалник со програма да го запознаат учениците, да ги слушне нивните размислувања, директно и непосредно да разговара со професорите и другите вработени за постигнувањата, проблемите и идните проекти на училиштето, рече покрај другото, директорот Кире Ристевски при заедничката посета на часовите на матурантите.
|
Повеќе...
|
УЛИЧНО ОСВЕТЛЕНИЕ |
|
|
Вести
|
ЗАМЕНА И ПОПРАВКА НА УЛИЧНИТЕ СВЕТИЛКИ
Прегорените и оштетени улучни светилки се заменија на улиците „Битолска“, „1 – ви Мај“ и делот од улицата во насока на поранешниот „Дехитекс“. Извршена е целосна замена и репарирање на оштетените и прегорени светилки, потрошни елементи и електрични водови.
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 271 272 273 274 275 276 277 278 279 280 Следно > Крај >>
|
Страница 280 од 282 |