ПЕШАЧКА ПАТЕКА ВО СМИЛЕВО PDF Печати
Вести
ПЕШАЧКА ПАТЕКА ДО КУЌАТА НА ДАМЕ ГРУЕВ

PAteka-1Во рамите на манифестација „Денови на Смилевскиот конгрес“, во Смилево започна изградбата на пешачка патека, од Смилевското средсело, до куќата на Смилевскиот војвода Даме Груев. Патеката ја гради општината Демир Хисар со финансиска поткрепа на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а градежните работи ги изведуваат локални фирми на познатите смилевски неимари.

Во првата фаза се поставува бетонската платформа врз која ќе се лепат камени плочи како афтентична копија на македонска калдрма. Во последната фаза од изградбата на патеката ќе се поставува подземна електрична инсталација и 30 - тина канделабри/осветление.

Смилевци не го кријат задоволството што општината се определи да изработи и финансира ваков проект кој ќе придонесе за разубавување на селото, но најумногу што, на се побројните посетители ќе им се овозможи подобар пристап до куќата во која се родил и живеел војводата Даме Груев.

Зависно од временските прилики, се очекува градежните работи да завршат до почетокот на летото.

PAteka-2PAteka-3

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер