Јавни претпријатија и установи
КАМЕН ТЕМЕЛНИК |
![]() |
![]() |
Вести |
ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВО ИГРАЛИШТЕ
По повод 24 – ти мај, Денот на просветителството, во Демир Хисар на свечен начин беше поставен камен – темелникот. Во присуство на голем број граѓани, ученици, спортски работници и претставници на локалниот јавен живот, пред присутните говореа, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов, пратеникот Живко Пејковски, градоначалникот Тони Ангелевски и министерот Антонио Милошоски. На свеченоста присуствуваше и министерот за одбрана, Зоран Коњановски. “За само неколку mесеци од предавањето во употреба на новата спортска сала, Демир Хисар и неговите граѓани повторно се во прилика да бидат среќни, задоволни и исполнети бидејќи на голем и непосреден повидок е изградбата на уште еден капитален спортски објект: повеќенаменско спортско игралиште. Задоволството на граѓаните и мене како градоначалник, е дотолку поголемо што и општината, во рамките на проектираните можности ќе учествува во изградбата, особено во таканаречениот подготвителен дел. Од денеска слободно можеме да се пофалиме, дека со новото игралиште, новата спортска сала, фискултурните сали во Психијатриската болница и училиштето „Гоце Делчев“ и неколкуте отворени спортски игралишта, како град и општина, сме рамо до рамо со поголемите урбани центри, а од некои и подобри“ – рече покрај другото во своето обраќање градоначалникот Ангелевски. Градоначалникот Ангелевски го промовира и новиот проект за доизградба на фискултурната сала во средното училиште што е започната од пред скоро една деценија и е изградена до фаза на карабина. Игралиште ќе се гради кај стариот спортски полигон на основното училиште „Гоце Делчев“. Игралиштето ќе биде со димензии 50Х30, афалтен терен, 6 метарска жичена ограда, бекатон патека и комплетно осветление за спортување навечер. Работите треба да завршат најдоцна за 90 дена, односно пред почетокот на новата школска година. |