300 ИЛЈАДИ ЗА СОПОТНИЦА И СЛОЕШТИЦА PDF Печати
Вести
Sanacija-Sopotnica

Речиси цела работна недела, оперативата на градското комунално претпријатие „Комуналец“ интензивно работеше на санирање на оштетувањеата на асфалтната подлога на улиците во Сопотница и Слоештица. Се чистеа оштетувањата, се поставуваше тампон подлога, а потоа се асфалтираа сите оштетувања направени уште при изградбата на канализациските мрежи од пред 3 – 4 години. Поставен е тампон и асфалт на површина од над 130 квадратни метри, што општината ја чини над 300 илјади денари.

Како што велат жителите на овие две населени места кои не го кријат задоволството што конечно се реши овој комунален проблем, оштетувањата на улиците и асфалтната подлога се извршени уште при изградбата на канализациските системи. Тогашните изведувачи на проектот, иако биле обрзани и должни да извршат санацијата и поправка на улиците, од причини непознати за граѓаните, тоа не го сториле, а со текот на времето оштетувањата станале уште поголеми.

Целосно уважувајќи и респектирајќи ги потребите на граѓаните на Сопотница и Слоештица, како и нивниот оправдан револт, општината се реши да обезбеди и да вложи значителни средства за оваа намена.

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер