Јавни претпријатија и установи
НОВА ВЕБ СТРАНИЦА |
![]() |
![]() |
Вести |
![]() Почитувани сограѓани, На 1 – ви јуни 2011 г. општината Демир Хисар ја пушти во функција новата веб страница – www.demirhisar.gov.mk. Таа е целосно редизајнирана и ажурирана со цел унапредување на повеќенасочната комуникација со јавноста, пред се граѓаните, и претставува суштинска промена на концептот на презентација на сите активности, настани, документи, информации. Идејата за краирање нов веб портал произлезе од потребата за создавање и пласирање јасни, прецизни, конкретни, транспарентни и отчетни информации за сите нејзини корисници. Со цел да се обезбеди висок степен на квалитет на услугите и транспарентното работење, новина на новиот веб портал е новата апликација „Е – општина – ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ“, донација на УСАИД. Со примената на оваа алатка очекуваме да се обезбеди побрза и поефикасна комуникација на релација граѓанин – општина – граѓанин, односно поквалитетен и интерактивен протек на информациите. Ве покануваме постојано да не посетувате и редовно да ги следите информациите за активностгите на општината Демир Хисар, но со вашите предлози и сугестии, да помогнете во подобрување на квалитетот на содржините и услугите. Со почит, Тони Ангелевски, градоначалник |