Јавни претпријатија и установи
НЕВРЕМЕ |
![]() |
![]() |
Вести |
СИЛНО НЕВРЕМЕ ГИ УНИШТИ ПРОЛЕТНИТЕ КУЛТУРИ Денеска околу 5 часот наутро, поширокото подрачје на општината Демир Хисар го зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од град. Градот со големина на зрно од лешник речиси целосно го побеле плодородното мургашевско, граишко, вардинско и светско-единаковско поле. Огромни површини засадени со пролетни градинарски култури (пипер, домати, грав) се речиси целосно уништени. На одредени парцели оштетувањата се толку големи, што ќе мора или да се пресадат или да се преораат. Штети има и врз есенските посеви и овошните насади – голем број површини под пченица и јачмен се, исто така, оштетени и полегнати, а плодот на овошните насади е скоро целосно уништен. Градоначалникот Ангелевски со претставници на подрачната единица на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, веднаш излезе на терен. Направена е прелиминарна проценка, а веќе од утре општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди ќе излезе исто така на терен заради утврдување на фактичката состојба со штетите. По завршувањето на проценката, ќе заседава советот на општината, а потоа Комисијата при Владата за исплата на штета од елемантарни непогоди ќе одлучува за исплатата на средствата за направената штета. |