СЕ ЧИСТИ ЦРНА PDF Печати
Вести
IMG_3940

СЕ ЧИСТИ  КОРИТОТО НА ЦРНА РЕКА

Со тешка механизација, започна чистењето на коритото на Црна Река по течението на реката во општината Демир Хисар. Армијата и општината се договорија, во атарите на селата Единаковци и Света, да се расчисти коритото и да се корегира водотекот на Црна Река во должина од околу  2,5 километри. За оваа цел обезбедени се 15000 литри нафта.

Оваа делница од Црна Река е една од најкритичните за време на обилните, поројни дождови при што Црна го поплавува скоро целото плодородно поле на жителите од овие села, како и од селата Вардино и Бараково кои, исто така имаат ниви во овој атар. На најкритичните места, со тешката механизација се регулира речното корито и острануваат  дрва, гранки и други наноси кои го попречуваа водотекот и го поплавуваа полето.

Ангажманот на Армијата и општината наиде на општо одобрување кај жителите од овие населени места бидејќи, конечно ќе се спречи излевањето на водата од коритото, а со тоа и огромните штети што ги трпеа ратарите од овие демирхисарски села.

IMG_3941IMG_3943IMG_3944IMG_3945

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер