Јавни претпријатија и установи
ЗЕЛС - ОБУКИ |
![]() |
![]() |
Вести |
ПИАРИТЕ НА ОПШТИНИТЕ НА ТРЕНИНГ Лицата задолжени за односи со јавност (PR) во општините од Пелагонискиот, Источниот и Југоисточниот регион, два дена ќе се обучуваат на теми што се произлез од нивните барања упатени до ЗЕЛС. Дводневната обука што се спроведува на 15 и 16 јуни во Битола, а опфаќа предавања, практичен дел и размена на добри практики и искуства, е во организација на Тренинг центарот на ЗЕЛС, а во рамките на Годишната програма за регионални обуки за претставниците на општинската администрација. Обуката во Битола е четврта по ред реализирана во текот на 2010 и 2011. Последната се одржа во почетокот оваа година во Битола на тема: „Транспарентна општина“. Фотографија од обуката во Струга/јуни 2010 |