„МАКЕДОНИЈА ВО ЖИВО“ ВО СЛОЕШТИЦА PDF Печати
Вести
DSC01707-s

Студенти од ликовната академија при универзитетот на Северна Каролина од Вилмингтон, месецов престојуваат во Македонија, по покана на ликовниот уметник Сергеј Андреевски.

10 – те млади американски уметници и нивната професорка Памела Тол, ги посетија најзначајните културни точки во Македонија (во Скопје, Охрид, Битола и Крушево), а од 21 – ви јуни престојуваат и творат во селото Слоештица, во центарот за уметност „Арт Поинт – Гумно“.

Посетата на нашава замја, всушност е завршна фаза од проектот во кој што студентите биле вклучени цела академска година, проучувајќи ги историјата, културата и традицијата на Македонија под наслов „Macedonia live“ („Македонија во живо“). Зависно од нивната лична определба и преокупација, речиси секој од нив одделно проучува тема од животот во Македонија, а потоа како инспирација го вградува во уметничките дела.


Во селото Слоештица тие се 10 – ина дена. Сместени се во селото, во домовите на 4 семејства каде што, во афтентичен селски амбиен  им се овозможени пристојни услови за престој и храна. Едновремено, тие имаат можност да се запознаат со подготовката и вкусот на домашна храна произведена во својата природна средина, производството на здрава храна (млеко, млечни производи, природни производи од сезонски зеленчук), како и традиционалниот начин на живеење. Во текот на денот тие престојуваат и творат во неколкуте ателјеа на центарот „Арт Поинт“, а потоа преку заедничка изложба, своето творештво го презентираат пред пошироката јавност.

-          Денеска сум особено радосен заради тоа што, преку вашиот цртеж, композиција и другите естетски елементи за создавање слики и изразување на вашите духовни мотиви, се овекoвечува дел од непроценливото богатство на овие македонски простори. На овој начин, преку вашиот неколкудневен престој, селото Слоештица се стекнува со голема привилегија да биде своевиден расадник на уметничка елита, да биде вашата творечка инспирација, да биде привремен дом  на уметници. Сакам уште еднаш да ви посакам пријатен престој во ова изобилие од убавини што, во буквална смисла на зборот,  се дави, се гуши во зеленило и пролетна сончевина. Природата е убава работа, но уметничката убавина е уште поубава претстава на некои работи. рече градоначалникот на општината Демир Хисар Тони Ангелевски кој придружуван од група талентирани ученици и ликовни педагози ги посети младите уметници од САД.

Центарот „Арт поинт – Гумно“ е повеќе години собиралиште на уметници од целиот свет и најафтентичното светско творечко гумно. Но овој творечки перформанс не само што изминативе години многу придонесе за културното поврзување на општината, како и за презентација и афирмација на културните, историските, традиционалните и природните предизвиции и инспирации на Демир Хисар, туку реално отвори нови видици и за развој на културниот и руралниот туризам во општината. Тоа е дел од долгорочните стратегиски определби на општината која, иако изминативе години со скромни зафати ги подобри елементарните инфраструктурни услови, заради ограничените финансиски ресурси, далеку е од тоа да развие вистински туризам. Сепак, во оваа смисла, во селото Слоештица изминативе години се инвестираа значителни средства за подобрување на квалитетот на живеење. Изграден е канализациски систем, а деновиве пред доаѓањето на гостите од САД, општината ги попесочи улиците во селото, а ќе ги преасфалтира и сите оштетувања на асфалтот. Како што рече градоначалникот на општината Тони Ангелевски при посетата, општината Демир Хисар, во рамките на своите можности и во иднина ќе поддржува вакви проекти и ќе поттикнува нови идеи и предлози за перформанси и од другите области на културата.

DSC01663-sDSC01658-sDSC01711-s

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер