Јавни претпријатија и установи
„КОМУНАЛЕЦ“ ЌЕ УПРАВУВА СО ВОДОВОДИТЕ ВО ЖУРЧЕ И ПРИБИЛЦИ |
![]() |
![]() |
Вести |
![]() На последната седница, Советот на општината Демир Хисар донесе одлука за отстапување на користење, управување и одржување на водоводните системи во селата Журче и Прибилци. Преземањето е во согласност со Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на отпадни води, а како резултат на потребата за обезбедување доволни количини на здрава, чиста и исправна вода за граѓаните од овие населени места. Советниците едногласно ја донесоа и одлуката за цената за користење на водата по метар кубен, за правни и физички лица. Така, веќе од наредниот месец потрошувачите од Журче и Прибилци, за 1 кубен метар потрошена вода, месечно ќе плаќаат по 28 денари, односно 45 денари правните лица. Овие цени ќе важат доколку во текот на годината водата се црпи и препумпува од црпните базени. Ако во текот на годината се користи вода по природен пат, во тој случај ќе се наплаќаат по 20 денари за 1 метар кубен потрошена вода. На задоволство на жителите на овие две населени места кои изминативе години имаа сериозни финансиски и технички проблеми при одржувањето на системот и редовноста во водоснабдувањето, со овој чекор се очекува значително да се подобри снабдувањето со квалитетна вода во сите периоди од годината, како и редовно одржување и ремонтирање на ситемот. Наредниов период се очекува „Комуналец“ постапно да ги преземе и другите водоснабдителни системи. До сега „Комуналец“ стопанисуваше само со градскиот водовод од кој што со вода за пиење се знабдуваат градот Демир Хисар и населените места Слепче, Суводол и Кутретино. Одлуките во својата изворна форма можете да ги прочитата во Службениот гласник бр.7 што е објавен на овој портал во менито „Е-општина“. |