СОБИР НА ГРАЃАНИТЕ НА МЗ ДЕМИР ХИСАР И МУРГАШЕВО Печати
Вести

HPIM5835
На дваесетина дена пред последниот род за поднесување документи за легализација на бесправно изградени објекти, на иницијатив на градоначалникот на општината Тони Ангелевски, местните заедници Демир Хисар и Мургашево во петокот, на 12 – ти август одржаа  собир на граѓани. На почетокот, присутните со внимание го проследија излагањето на градоначалникот кој попрецизно ги  дообјасни спроведувањето и продобиките од имплементирањето на овој закон.

Како стручњак од областа на геодезијата, детално зборуваше за некои специфики од урбанистичкото планирање и уредување на Демир Хисар и поедноставно се започне постапката за легализација. Излагањето на градоначалникот побуди голем интерес кај присутните кои  поставија голем број прашања. На сите прашања градоначалникот им даде усмен и стручен одговор, односно како да постапат во секој одделен случај. На крајот тој ги потсети на крајниот рок 3 – ти септември и ги  повика да ги искористат деновиве што следуваат, да поднесат барање и да приложат минимум документација за отпочнување на постапка за легализација.

Претставниците на местните заедници ги запознаа присутните со заклучоци донесени на заеднички состанок со Црковниот одбор, а директорот на ЈП „Комуналец“ Пеце Наловски ги информира за  одлуката на советот на општината со која што „Комуналец“ го презеде  управувањето со градските гробишта.HPIM5836HPIM5827