Јавни претпријатија и установи
ЕКСКЛУЗИВНО ВО СЛОЕШТИЦА! |
![]() |
![]() |
Вести |
Нажет Гериси (Najet Gherissi), гостин во уметничката работилница на АРТ ПОИНТ – ГУМНО Скулпторката од Тунис престојува во Слоештица од 13 – 31 август на покана од меѓународниот центар за уметност АРТ ПОИНТ – ГУМНО. И покрај актуелните случувања во нејзината земја, каде активно учествува во револуционерното движење за смена на диктаторскиот режим, Нажет Гериси успеа да одвои време за посета на Македонија каде ќе се обиде да го претстави магичното синило од Картагина. Старите метални предмети кои, исфрлени од напредокот на технологијата одамна се излезени од употреба, веќе почнаа да функционираат во имагинацијата на уметницата, која интензивно работи на скулптурите што ќе бидат изложени средсело за време на јубилејното „СЛАВЕЊЕ НА ПИРЕЈОТ“ на 28 август. Гериси е инспирирана и од каменот обликуван од брзаците на слоештичката „Бела река“. Металот е омилен медиум на Нажет чии огромни скулптури се поставени ширум Тунис. Експресивноста на скулптурите е потенцирана и со медитеранската сина боја – заштитен знак на авторката. Актуелна е нејзината патувачка изложба во Франција со наслов „Ултрамаринско сина“, во моментов поставена во Марсеј. (Извор: АРТ ПОИНТ) |