ДЕМИРХИСАРЦИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА |
![]() |
Вести |
Тоа е показ за огромната самосвест на демирхисарци кои од било кои причини изминатите години се решиле бесправно да градат станбени, деловни и други помошни објекти. Иако не постои прецизна евиденција за бројот на т.н диви објекти, сепак се смета дека бројот на досега поднесените барања благо се приближува до бројкот на објекти што треба да се легализираат. Овој податок ја прави задовона локалната самоуправа која што последниот месец ипол презеде дополнителни активности за анимирање на граѓаните да ја искористат оваа законска можност, да ја формализираат сопственоста над имотот. Во таа смисла, неодамна градоначалникот Тони Ангелевски испрати писмо до систе сопственици на такви објекти со потсетување за законската можност, а во неколку поголеми местни заедници одржа тематски собир на граѓани. Исто така беа исработени и дистрибуирани информативни летоци, а на повеќе јавни места и објекти беа поставени и плакати. - Заклучно со 22 – ри август, до комисијата се поднесени 320 барања за легализација, а до 3 – ти септември очекуваме зголемување на бројот на поднесоци. Барања промаме во текот на целиот работен ден, од 8 – 16 часот, а доколку се укаже потреба, подготвени сме да работиме и со продолжено работно време, вели Сузана Цуцуловска, претседетел на општинската комисија. Инаку заради презафатеност на приватните геодетски куќи, засега барањата се промаат без геодески елаборати, со можност тие да се изработат и достават во периодот после 3 – ти септември. |