ИТНА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР Печати
Вести

07.12.2020

Врз основа на член 52 став 1 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар

(„Службен гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) се донесува:

 

РЕШЕНИЕ

 

За свикување на ИТНА  седница на Совет на Oпштина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на 07.12.2020 година (понеделник) со почеток во 10 часот во  просториите на  СОУ „Крсте П. Мисирков“ , Демир Хисар

 

ДНЕВЕН РЕД

.

1. Донесување на Одлука за усвојување на Стратегија за туризам на Општина Демир Хисар, со Акционен план за период 2021-2024.

2. Донесување на Одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за обезбедени средства како сопствено учество за реализација на проектот „Подобрување на системот за заштита на животната средина во Пелагонискиот регион преку јакнење на институционалните капацитети за комунални услуги и заштита и безбедност на граѓаните, нивните материјални добра и природното и културното богатство“.

3.Разгледување на Барање за финансиска помош бр.10-1067/1 од 04.12.2020 година.

4.Предлози и прашања. 

.

Бр.17-1069/1                                                           Совет на Општина Демир Хисар
04.12.2020 година                                                             Претседател, 
Демир Хисар                                                               Благоја Станојоски