Јавни претпријатија и установи
НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ |
![]() |
![]() |
Вести |
31.12.2020 . . Почитувани сограѓани, Дозволете ми во овој последен работен ден од 2020 година, во името на Локалната самоуправа и во мое лично име, да Ви упатам честитки во пресрет на новогодишните и Божиќните празници, со искрени желби за добро здравје, лична, семејна и општествена благосостојба, радост, љубов, спокој, меѓусебна почит, просперитетна иднина и среќен живот на сите. Пред нас беше една тешка година која нанесе вонредни услови за работа, наметнати од глобалната пандемија, односно од општествено - здравствената криза, предизвикана од корона вирусот, ковид - 19. Апелирам до сите да празнуваме одговорно и да се почитуваат во целост рестриктивните мерки и препораки од Владата на РСМ и надлежните здравствени установи, по однос на организирањето на предновогодишни и новогодишни прослави на отворен и затворен простор, за сите граѓани. За секој локален функционер привилегија е да се работи за доброто на секој граѓанин на општината, да ги решава проблемите на граѓаните, но и голема обврска е довербата да се оправда. Посакувам и, очекувам, во наредната 2021 година да останеме фокусирани во имплементација на покрупни проекти, заеднички да придонесеме во нашата мисија и визија за локален економски развој, како и, заеднички да работиме на остварување подостоинствена, подобра и Европски развиена општина. Ви посакувам успех во новата 2021 година на личен, професионален и институционален план. |