5 ГОДИНИ СЛАВЕЊЕ НА ПИРЕЈОТ Печати
Вести
Plakat-SLAVENJEnaPIREJOT

              Јубилејната манифестација СЛАВЕЊЕ НА ПИРЕЈОТ, која се одржува во чест на великанот на македонската литература Петре М. Андреевски и на вековитоста на македонскиот народ, годинава со богата дводневна културно-уметничка програма, на 27ми и 28ми  август (сабота и недела).

              Посетителите, меѓу другото, ќе имаат можност да уживаат во настапот на КУД „Илинден“ од Демир Хисар, етно-составот „Старовски“, ќе бидат поставени две театарски претстави: „Оркестар ББ“, според делата на Бертолд Брехт и монодрамата „Јас Петре Димоски - Шаторот“.

              На сред село, ексклузивно, ќе бидат изложени скулптурите од Нажет Гериси, авторката која во Тунис, освен што е првата жена скулптор во историјата на земјата е позната и како „жената од железо“. Изминатиов месец, таа престојуваше и твореше во уметничката работилница на Арт Поинт – Гумно.

            Беседа на гробот на Петре М. Андреевски ќе одржат фронтмените на „Љубојна“, а по повод 5-годишниот јубилеј од манифестацијата, пред родната куќа на писателот ќе биде откриена спомен плоча.

Воедно, по повод 30-годишнината од трагичната смрт на младиот поет Љупчо Сивески кој е исто така родум од Слоештица, ќе биде промовирано третото издание на неговата единствена книга ТЕСТАМЕНТ.

Организатори на манифестацијата се меѓународниот центар за уметност АРТ ПОИНТ – ГУМНО и продукциската куќа ЕНОХ. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Тони Ангелевски, Синдикатот на РЕК Битола од Битола и други.

Programa-SLAVENJEnaPIREJOT_1