Дневен ред за 49-та седница на Совет на Општина Демир Хисар PDF Печати
Вести

Врз основа на член 53 став 1  од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар

(„Службен гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) се донесува:

.

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување на 49-та седница на Совет на Oпштина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на  12.03.2021 година  (петок) со почеток во 10:00 часот во салата за состаноци во СОУ „Крсте П. Мисирков“, Демир Хисар

 .

- Усвојување на Записник од 47 ма седница на Совет на Oпштина Демир Хисар

- Усвојување на Записник од 48 та седница на Совет на Oпштина Демир Хисар

.

За седницата го предлагам следниот:

Дневен ред

  1. Донесување на Буџет на Општина Демир Хисар за 2021 година.
  2. Донесување на Одлука за поништување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2021 година бр.17-1132/4 од 2020.
  3. Донесување на Одлука за извршување на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2021 година.
  4. Донесување на Буџетски календар на Општина Демир Хисар за 2021 година.
  5. Усвојување на Квартален  Извештај за извршување на Буџетот за Општина Демир Хисар за извештаен период за квартал од 01.01.2020 до 31.12.2020  год.
  6. Усвојување на Завршна сметка на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2020 година.
  7. Усвојување на Годишен извештај за реализација на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2020 година.
  8. Усвојување на Завршна сметка на ЈП „ДЕХИ ТРАНС“, Демир Хисар за 2020 година.
  9. Усвојување на Завршна сметка на ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар за 2020 година.
  10. Донесување на одлука за давање согласност на измени и дополнување на Годишен план за вработување на Општина Демир Хисар за 2021 година.
  11. Донесување на одлука за давање согласност на годишен план за вработување на ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар за 2021 година.
  12. Донесување на одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на Дом на култура „Илинден“, Демир Хисар за 2021 година.
  13. Усвојување на Извештај за остварено право на паричен надомест за новородено дете за 2020 година.
  14. Усвојување на Извештај за остварено право на паричен надомест за склучен брак за 2020 година.
  15. Усвојување на извештај за реализација на Годишна програма за контрола на популација на бездомни кучиња на територијата на Општина Демир Хисар за 2020 година.
  16. Усвојување на Извештај за работа за 2020 година на ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар.
  17. Усвојување на Годишен извештај за извршените работи на одржување на јавна чистота во Општина Демир Хисар за 2020 година на ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар.
  18. Усвојување на Програмски извештај за работата на Дом на културата „Илинден“, Демир Хисар за 2020 година.
  19. Усвојување на Годишен извештај за реализација и преглед на исплатени средства по проекти и намени, како и спецификација на трошоците за плата и комунални услуги по месеци од блок дотацијата на Дом на културата „Илинден“, Демир Хисар за 2020 година.
  20. Усвојување на План за работа на Дом на култура „Илинден“ од Демир Хисар за 2021 година.
  21. Усвојување на извештај за работа на Полициска станица од општа надлежност Демир Хисар за 2020 година.
  22. Донесување на Oдлука за вклопување на бесправно изграден објект –стамбено деловен објект, помошни објекти, објект рибник по барање на ДООЕЛ „Дранго Компани“, Битола и ДОО „Славија“ увоз-извоз Скопје.
  23. Донесување на Oдлука за вклопување на бесправно изграден објект –викендица по барање на Вецко Цветановски од Демир Хисар и Сашо и Горан Цветановски од Битола.
  24. Донесување на Oдлука за вклопување на бесправно изграден објект –индивидуален стамбен објект по барање на Борче Велјановски од Кутретино.
  25. Донесување на Oдлука за вклопување на бесправно изграден објект – индивидуален стамбен објект по барање Марјанчо Цветановски од Кутретино.
  26. Донесување на Oдлука за вклопување на бесправно изграден објект – верски објект по барање МПЦ - Преспанско пелагониска епархија Битола.
  27. Донесување на Oдлука за вклопување на бесправно изграден објект – помошен објект по барање на Денис Дојчиновски од Белче.
  28. Донесување на Oдлука за вклопување на бесправно изграден објект – индивидуален стамбен објект по барање Никола Дранговски од Белче.
  29. Донесување на Oдлука за вклопување на бесправно изграден објект – индивидуален стамбен објект и помошен објект по барање Тони Петровски од Обедник.
  30. Донесување на Решение за именување на член на Училишен одбор на ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар.
  31. Донесување на Решение за именување на член на Училишен одбор на ООУ „Браќа Миладиновци“, с.Жван, Општина Демир Хисар.
  32. Донесување на Решение за именување на член на Училишен одбор на ООУ „Даме Груев“, с.Смилево, Општина Демир Хисар.
  33. Донесување на Решение за разрешување и именување на  член на Училишен одбор на СОУ „Крсте П. Мисирков“, Демир Хисар.
  34. Донесување на Решение за именување на  член на Управен одбор на ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар.
  35. Разгледување на барање за подршка за олимпијата по хемија поднесено  од Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија.
  36. Предлози и прашања

.

Бр.17-251/1                                                           Совет на Општина Демир Хисар
05.03.2021 година                                                             Претседател, 
Демир Хисар                                                               Благоја Станојоски
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер