ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО ПРВООДДЕЛЕНЦИТЕ PDF Печати
Вести
2

За 480 основци што ги опфаќа централното основно училиште „Гоце Делчев“, денеска започна новата учебна година. Денес е денот што многу дечиња ќе го паметат како најубав и најинтересен долго време. На училишното ѕвонче најмногу му се радуваа токму тие – првоодделенците и нивните родители. Годинава во прво одделение се запишаа 50 првачиња, од кои 29 во централното, а останатите 21, во подрачните училишта. Во централното училиште наставата ќе биде организирана во две паралелки. Наставата во таканаречена „чиста“ првоодделенска паралелка ќе се изведува и во подрачното училиште Суводол – Кутретина, а во останатите поради малиот број деца, наставата ќе се изведува комбинирано.

На првиот час на првоодделенците присуствуваше градоначалникот на општината Демир Хисар кој традиционално, на овој ден е во друштво со нив, посакувајќи им успешен почеток на образованието.

Новата учебна година ООУ „Гоце Делчев“ ја започна целосно подготвено за прифат на сите ученици што се школуваат во централното и подрачните училишта. Речиси во сите училишни згради извршени се поправки на инвентарот, објектите и санитарните јазли. Најголем зафат кој се уште е во тек е целосната реконструкција на санитарните јазли и замената на надворешната столарија на приземјето во централното училиште во Демир Хисар. Инвестицијата вредна околу 3 ипол милиони денари што е една од, досега, најголемите, е на познатата фирма „Сокотаб“, а се реализира преку Македонскиот центар за меѓународна соработка. Работите се во полн ек и се очекува да завршат до крајот септември. Дотогаш ќе се користат мобилни тоалети што се поставени во дворот на училиштето.

13

4

5

6

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер