Започна реконструкцијата на општинскиот пат Р29371 Слоештица PDF Печати
Вести

На ден 13. септември 2021 година започнаа активностите за реализација на под-проектот:

„Реконструкција на линиска инфраструктурна градба општински пат Р29371-Слоештица, Општина Демир Хисар“, во должина од 2300 м.


.

Овој проект е првиот под-проект во Општина Демир Хисар кој се реализира од Проектот за поврзување на локални патишта (ППЛП). 

Под-проектот се финансира со средства обезбедени од Светска банка.

Надлежен орган за искористување на средствата обезбедени од Светска банка е Министерството за транспорт и врски (МТВр,) односно преку Единица за имплементација на проектот (ЕИП) за спроведување на Проектот за поврзување на локалните патишта(ППЛП).

Изведувач на градежните работи е ГД “ГРАНИТ“ АД - Скопје, а надзорен орган е ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО - Скопје.

Краен корисник на проектот е Општина Демир Хисар.

Напоменуваме дека веќе е воспоставена процедура и Механизам за жалби и поплаки, кој им овозможува на засегнатите лица да поднесат жалби и поплаки во врска со директни и индиректни влијанија од Проектот, без надомест и со гаранција за навремено и задолжително решавање на жалбите и поплаките. Засегнатите страни можат и треба да реагираат до претставници на општината или месните заедници.

Постапката за активирање на Механизмот за жалби и поплаки е преку пополнување на печатен образец кој е достапен на веб страницата на Општина Демир Хисар, во Општина Демир Хисар и месни заедници.
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер