Започна реконструкцијата на општинскиот пат Р29371 Слоештица |
![]() |
Вести |
На ден 13. септември 2021 година започнаа активностите за реализација на под-проектот: „Реконструкција на линиска инфраструктурна градба општински пат Р29371-Слоештица, Општина Демир Хисар“, во должина од 2300 м. . Овој проект е првиот под-проект во Општина Демир Хисар кој се реализира од Проектот за поврзување на локални патишта (ППЛП). Под-проектот се финансира со средства обезбедени од Светска банка. Надлежен орган за искористување на средствата обезбедени од Светска банка е Министерството за транспорт и врски (МТВр,) односно преку Единица за имплементација на проектот (ЕИП) за спроведување на Проектот за поврзување на локалните патишта(ППЛП). Изведувач на градежните работи е ГД “ГРАНИТ“ АД - Скопје, а надзорен орган е ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО - Скопје. Краен корисник на проектот е Општина Демир Хисар. Напоменуваме дека веќе е воспоставена процедура и Механизам за жалби и поплаки, кој им овозможува на засегнатите лица да поднесат жалби и поплаки во врска со директни и индиректни влијанија од Проектот, без надомест и со гаранција за навремено и задолжително решавање на жалбите и поплаките. Засегнатите страни можат и треба да реагираат до претставници на општината или месните заедници. Постапката за активирање на Механизмот за жалби и поплаки е преку пополнување на печатен образец кој е достапен на веб страницата на Општина Демир Хисар, во Општина Демир Хисар и месни заедници. |