ПО ЦЕЛИ ДВЕ ДЕЦЕНИИ ФК ДЕМИР ХИСАР СЕ ВРАТИ ВО ТРЕТА ЛИГА - ЈУГОЗАПАД PDF Печати
Вести

12.10.2021 

.

fk-demir-hisar-vtoro-kolo

.

На севкупна радост на љубителите на големиот фудбал и генерално на демирхисарци, кои, после цели 20 години следеа фудбалски меч каде што се натпреварува домашната екипа, ФК Демир Хисар ремизираше со гостинската екипа Лирија (Грнчари) со резултат 2:2, а во рамки на второ коло, викендов.
.
fk-demir-hisar-vtoro-kolo-1
.
На градскиот стадион „Валентин Стефановски“, присуствуваше и градоначалникот Стојановски, кој им честиташе на сите играчи за енергијата, ентузијазмот, оптимизмот и желбата за докажување и храбрата игра на теренот.
- Овие се моменти кога сите ние треба да бидеме горди што после 20 години се овозможи да имаме фудбалска екипа од нашиот град која ќе се натпреварува на домашна фудбалска сцена - трета лига, југозапад. Демир Хисар е расадник на врвни таленти, особено во областа на спортот и тоа како се покажало и докажало низ годините каде што голем број на фудбалери од Демир Хисар настапувале во фудбалски екипи ширум регионот и државата, некои и надвор во Балканските и Европски држави.
Посакувам и во иднина спортот да продолжи и да заживее како просперитетен чинител за општината. Им посакувам многу успеси и среќа во понатамошните настапи на сите играчи кои, всушност, се квалитетни играчи, но и искусни повратници кои настапувале и во екипи од повисок ранг. Со среќа уште еднаш, и посакувам во иднина влез и во повисок ранг на натпреварување, истакна градоначалникот.
.
.
fk-demir-hisar-vtoro-kolo-2


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер