ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА ФУНКЦИЈАТА ГРАДОНАЧАЛНИК PDF Печати
Вести

8.11.2021

.

primopredavanje-funkcija-gradonacalnik

.

Денес, во свечен и пригоден амбиент, се изврши примопредавање на градоначалничката функција во Општина Демир Хисар.
Досегашниот градоначалник, Стојановски, првенствено, му посака топло добредојде и му ја честита изборната победа на новоизбраниот градоначалник, Никола Најдовски, со пожелби за многу успешна работа, просперитет, економски развој на општината и реализација на проекти кои беа започнати и се во тек, но и нови иновативни проекти, со што воглавно се имплементира и една цела програма која ќе се темели исклучиво на потребите на граѓаните.
.
Стојановски, исто така, изрази една јавна благодарност за досегашната соработка до раководителите на Одделенија во локалната самоуправа, општинската администрација и сите други останати вработени во локалните институции, а, посебно, упати една благодарност до директорите на Јавните претпријатија и Установи под локална самоуправа за одговорното и транспарентно и беспрекорно функционирање во интерес на целокупната општествена заедница.
.
После официјалниот и свечен чин кога и двајцата потпишаа заеднички формален документ, односно кога се изврши и примопредавањето, новоизбраниот градоначалник, Никола Најдовски, срдечно се заблагодари до сите и истакна дека, одговорно и домаќински ќе ја обавува функцијата - градоначалник и посветено ќе работи во интерес на сите граѓани.
.
primopredavanje-funkcija-gradonacalnik-1


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер