ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА СОУ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“, ДЕМИР ХИСАР PDF Печати
Вести

17.11.2021

.

patron-praznik-sou-krste-petkov-misirkov-2021-1

.

По повод 147 годишнината од раѓањето на македонскиот филолог и кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, Крсте Петков Мисирков, средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар го одбележа патрониот празник.
Општинска делегација предводена од градоначалникот Никола Најдовски, делегација од СОУ „Крсте Петков Мисирков“ предводена од директорката на училиштето положија цвеќе на спомен плочата на основоположникот на современиот литературен јазик, историчар, етнограф и публицист, Крсте Петков Мисирков, која се наоѓа во дворот на училиштето.
.
patron-praznik-sou-krste-petkov-misirkov-2021
.
Официјалниот дел од свечената церемонија започна со воведно обраќање на директорката Лозановска, која ги поздрави присутните, особено го поздрави градоначалникот Најдовски и се заблагодари што со неговото присуство ги удостои на овај значаен ден за нивното училиште.
Градоначалникот Најдовски, имаше свое пригодно обраќање пред присутните каде што ги поздрави сите присутни и упати голема благодарност до директорката и училиштето за можноста што му се укажува чест да биде дел од оваа свечена манифестација.
- Ми се укажува голема чест и доживувам чувство на големо задоволство што, во името на моите сограѓани, моите соработници и во мое лично име, можам да Ви го честитам патрониот празник, и како добри искрени пријатели и соработници од просветата, да Ви посакам високи резултати во спроведувањето на најблагодарната мисија на човештвото - воспитание и образование на младите.
Да се биде учител, наставник, професор, воспитувач е најубавата, но и најодговорната професија што подразбира огромна посветеност не само кон младата личност, туку и, кон оној на кој му се потребни знаења, вештини и мотивација, истакна Најдовски.
.
patron-praznik-sou-krste-petkov-misirkov-2021-2
.
Во холот на училиштето кој е наменет за презентации, учениците се преставија со културно - уметнички перформанс подготвен во корелација со нивните професори, етно презентација и изведба на песни од нашето фолклорно наследство, согласно утврдена програма за чествување на патрон празник.
.
patron-praznik-sou-krste-petkov-misirkov-2021-3


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер