ЛЕГАЛИЗАЦИЈА - ДЕМИР ХИСАР РЕКОРДЕР ПО ПОДНЕСЕНИ БАРАЊА PDF Печати
Вести
Legalizacija-posleden_den

03.09.2011

Иако последниот рок за поднесување барања за легалиузација истекува на полноќ, интересот на граѓаните не стивнува. Така, на пример, само денеска до 14 часот поднесени се над 150 барања. Претседателката на Комисијата Сузана Цуцуловска очекува барања да се доставуваат и попладне, па дури и до полноќ до кога ќе работи комисијата. Со последните барања, досега се поднесени околу 1700 барања. Ако се има предвид дека општинската администрација од 2000 – та година евидентирала околу 400 дивоградби во целата општина, бројот на поднесените барање е над сите очекувања и предвидувања.

-          Со цел да се излезе во пресрет на сите граѓани, Комисијата работи и денеска и тоа со продолжено време. Добро сме екиипирани и ќе работиме до полноќ. По овој рок нема веќе да се примаат барања, вели Цуцуловска.

Градоначалникот и членовите на комисијата се пријатно изненадени големиот интерес што претставува добар показ за високата свест на граѓаните да ја формализираат сопственоста врз бесправно изградениот недвижен имот.

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер