Јавни претпријатија и установи
ПО ПОВОД 5. ДЕКЕМВРИ, ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО |
![]() |
![]() |
Вести |
03.12.2021 . . Денес, под мотото: „Хероите меѓу нас - Незапирливи“, традиционално се одбележа Светскиот ден на волонтерството во организација на ОО Црвен крст, Демир Хисар и Општина Демир Хисар.
На свечениот настан присуствуваше и градоначалникот, Никола Најдовски, кој упати честитки по повод 5. Декември, Светскиот ден на волонтерството, односно ги поздрави сите волонтери кои им помагаат на нашите сограѓани на очигледните потреби.
- Од исклучително и огромно значење е функционирањето на ОО Црвен крст, Демир Хисар, кое, секогаш несебично придонесува и активно делува со мобилизираниот тим во сите сфери на општественото живеење. Ние, како локална самоуправа и понатаму ќе ги поддржуваме и помагаме сите активности кои се во рамки на Црвениот крст. Нашите волонтери со ентузијастички дух и труд, волонтираат затоа што сакаат да бидат дел од една поширока социјална групација во заедницата промовирајќи заедништво, соживот, мир и толеранција, како основни вредности во животот на човекот. Волонтерите делуваат понекогаш и во исклучителни околности, обезбедувајќи поддршка и помош за различни целни групи и придонесуваат за подобар живот за ранливото население, рече Најдовски.
.
![]() .
Секретарот на ОО Црвен крст, Демир Хисар, Иванчо Најденковски во своето воведно излагање, истакна дека, волонтерите и волонтерството го претставуваат потенцијалот на заедницата да одговорат на предизвиците во локалното опкружување и посочи дека волонтерството во меѓународното движење на ЦК и ЦПМ претставува директна и блиска врска со заедниците ширум светот, со што се овозможува социјално, развојно и хуманитарно дејствување во обем кој не е на друг начин можен.
На крајот од централната манифестација, секретарот Иванчо Најденковски, додели благодарници во знак на признание за волонтерските достигнувањa и посебни заслуги во остварувањето на целите и задачите на ОО Црвен крст, Демир Хисар.
.
![]() |