ДНЕВЕН РЕД ЗА 6-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР PDF Печати
Вести

21.2.2022


Врз основа на член 68 став 5 од Статутот на Општина Демир Хисар (Службен гласник на Општина Демир Хисар бр. 3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19 и 7/21/, член 51 став 1  и 2 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар“ бр.3/02), на барање на градоначалникот на Општина Демир Хисар:

.

СВИКУВАМ

Шеста седница на Совет на Општина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на 24.2.2022 година (четврток) со почеток во 10 часот

во салата за состаноци во Домот на пензионерите, Демир Хисар

.

За присуство на седницата на Совет задолжително е носење на маски

-Усвојување на записник од трета седница на Совет на Oпштина Демир Хисар;

-Усвојување на записник од четврта седница на Совет на Oпштина Демир Хисар;

-Усвојување на записник од петта седница на Совет на Oпштина Демир Хисар.

За седницата го предлагам следниот:

.

ДНЕВЕН   РЕД

.

  1. Донесување на Буџет на Општина Демир Хисар за 2022 година.
  2. Донесување на Одлуката за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2022 година.
  3. Донесување на Одлука за извршување на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2022 година.
  4. Донесување на Одлука за благајнички максимум на Општина Демир Хисар за 2022 година.
  5. Донесување на Буџетски календар на Oпштина Демир Хисар за 2022 година.
  6. Усвојување на Квартален Извештај за извршување на Буџетот за Општина Демир Хисар за извештаен период за квартал од 01.01.2021 до 31.12.2021  година.
  7. Донесување на Одлука за давање согласност на измени и дополнување на Годишен план за вработување на Oпштина Демир Хисар за 2022 година.
  8. Донесување на Одлука за издавање деловен простор под закуп.
  9. Донесување на Одлука за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичка планска документација по барање на Никола Филиповски од с.Жван Демир Хисар.
  10. Донесување на Одлука за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичка планска документација по барање на Владо Дранговски ул. „Сотир Брбевски“ бр.11 Битола.  
  11. Донесување на Одлука за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичка планска документација по барање на Пецо Пауновски ул. „Гоце Делчев“ бр.68 Демир Хисар.
  12. Усвојување на Извештај за реализација на Годишната Програма за контрола на популација на бездомни кучиња на територијата на Општина Демир Хисар за 2021 година.
  13. Усвојување на Програма за работа на ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар за 2022 година.
  14. Усвојување на Програма за работа на ЈП „ДЕХИ ТРАНС“, Демир Хисар за 2022 година.
  15. Донесување на Решение за давање согласност на Ценовникот за вршење на услуги за превоз од страна на Јавното претпријатие „ДЕХИ ТРАНС“ - Демир Хисар.
  16. Усвојување на Годишен извештај за работа на Полициска станица од општа надлежност Демир Хисар во текот на 2021 година.
  17. Предлози и прашања. 

.

Бр.17-193/2                                                        Совет на Општина Демир Хисар
16.2.2022 година                                                             Претседавач, 
Демир Хисар                                                               Љупчо Најдовски с.р.


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер