СВЕЧЕНОСТИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА И ДЕНОТ НА ОПШТИНАТА PDF Печати
Вести

107.09.2011

Со бројни свечености што се одржаа под покровителство на градоначалникот  Тони Ангелевски, на 7 – ми септември, во предвечериото на големото општонародни славење,  во Демир Хисар се славеше Осми септември, Денот на независноста, Втори септември, Денот на општината, како  јубилејот 20 години независна држава.

Свеченостите започнаа со прием што го организира градоначалникот Ангелевски за поранешните претседатели и градоначалници на општината  Демир Хисар и претставници на нивните семејства. Во нивна чест и во чест на нивното дело што секој во својот мандат го направиле за 66 годишниот развој на општината, во фоајето на зградата на општината, на симболичен начин, актуелниот градоначалник ја откри спомен галеријата со фотографии на сите досегашни претседатели и градоначалници и документи за хронологијата на административно – тариторијалната поделба на Република Македонија во периодот од 1945 година до денес.

На споменикот на Демирхисарските револуционери, високи делегации предводени од градоначалникот и советот на општината, поранешните претседатели и градоначалници, јавните претпријатија , установи и организации, политички партии и здруженија на граѓани, положија свеќе.

Во големата сала на Домот на културата се одржа промоција и проекција на дел од кинематографскиот опус на младиот демирхисарски режисер, Гоце Димовски, а вечерта во концерттната сала на Домот на културата се одржа свечена приредба на која што свое обраќање имаше градоначалникот Ангелевски. Во културно – уметничкиот дел од програмата, во преполнетата сала беше промовиран и премиерно проектиран краткометражниот игран филм „Вишновата градина“ на режисерот Димовски, работен според мотивите на истоимената и светски позната пиеса на А. П. Чехов.

Градоначалникот Ангелевски придружуван од  околу 300 граѓани, вчера присуствуваше на централната прослава на Денот на независноста што се одржа во главниот град на РМ, Скопје.

До крајот на месецов кој што е прогласен за Месец на независноста, во општинава ќе се одржат уште неколку пригодни манифестации и чествувања.

2

3

4

5

6

7

8

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер