ПРВА ПЕНЗИОНЕРСКА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ PDF Печати
Вести

213.09.2011

Првпат од постоењето на општинското здружение на пензионерите во Демир Хисар, на 12  стари и изнемоштени пензионери денеска им беше поделена еднократна парична помош.

Средствата во висина од еднократен износ од 2000 денари се обезбедени преку солидарниот фонд на Здружението, а при денешната посета на домовите на пензионерите, помошта ја предадоа претседателот на Здружението  Драган Ангелевски, секретарот Живко Трајковски и претседателот на местниот одбор, Киро Блажевски.

Хуманиот гест на демирхисарските пензионери го поздрави градоначалникот Тони Ангелевски кој ги откажа сите планирани дневни активности и лично ја придружуваше делегацијата и ги посети домовите на пензионерите. Во разговорот со нив тој им вети дека и во иднина ќе ги поддржува сите вакви хумани дела како показ дека и оваа категорија социјално загрозени лица не е заборавена од државата.

Акцијата беше организирана во рамките на активностите на градоначалникот и Здружението на пензионерите по повод одбележувањето на Месецот на државноста.

1

34

5

9

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер