ПРВА ПЕНЗИОНЕРСКА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ |
![]() |
Вести |
Првпат од постоењето на општинското здружение на пензионерите во Демир Хисар, на 12 стари и изнемоштени пензионери денеска им беше поделена еднократна парична помош. Средствата во висина од еднократен износ од 2000 денари се обезбедени преку солидарниот фонд на Здружението, а при денешната посета на домовите на пензионерите, помошта ја предадоа претседателот на Здружението Драган Ангелевски, секретарот Живко Трајковски и претседателот на местниот одбор, Киро Блажевски. Хуманиот гест на демирхисарските пензионери го поздрави градоначалникот Тони Ангелевски кој ги откажа сите планирани дневни активности и лично ја придружуваше делегацијата и ги посети домовите на пензионерите. Во разговорот со нив тој им вети дека и во иднина ќе ги поддржува сите вакви хумани дела како показ дека и оваа категорија социјално загрозени лица не е заборавена од државата. Акцијата беше организирана во рамките на активностите на градоначалникот и Здружението на пензионерите по повод одбележувањето на Месецот на државноста. |