ЗАВРШНА ФИНАЛНА ВЕЧЕР - ХУМАНИТАРЕН МЕЃУИНСТИТУЦИОНАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ, 2022 Печати
Вести

18.4.2022

.

finalna-vecer-vii-humanitaren-turnir

.

Викендов, со голем број на присутни љубители на спортот во Демир Хисар, во спортската сала „Јордан Пиперката“, Демир Хисар, a во рамки на VII. Хуманитарен меѓуинституционален турнир во мал фудбал, 2022 год., под генерално покровителство на градоначалникот Никола Најдовски, се одиграа натпреварите од финалната вечер.
.
finalna-vecer-vii-humanitaren-turnir-2
.
Резултати, финални натпревари:
за трето место: Општина Демир Хисар - ООУ „Браќа Миладиновци“ 4:2;
финале: ОВР Демир Хисар - АРМ 5:5 (3:2, пенали).
- прво место: ОВР Демир Хисар; второ место: АРМ; трето место: Општина Демир Хисар

За најдобар играч на турнирот беше прогласен Стефан Каревски од екипата на ОВР Демир Хисар, освојувачите на првото место и златниот медал.
.
finalna-vecer-vii-humanitaren-turnir-4
.
Градоначалникот Најдовски, упати честитки за освоените места и ја поздрави фер и коректната игра до сите учесници - екипи на овогодинешниот турнир, а воедно и, со посебен акцент рече дека е почестен и привилегиран што може да ја сподели радоста и задоволството што продолжува традицијата за организирање на хуманитарни фудбалски турнири, со што во иднина беспрекорно ќе ги поддржуваме, но и ќе поттикнуваме и нови иницијативи и да спроведуваме и други заеднички активности, како важни настани за нашата општина.
И оваа година, обезбедените средства, ќе бидат наменети во хуманитарни цели кои ќе бидат организирани во пресрет на големиот христијански празник, Велигден.
.
finalna-vecer-vii-humanitaren-turnir-1
.
finalna-vecer-vii-humanitaren-turnir-3
.
finalna-vecer-vii-humanitaren-turnir-5