ИТНА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР Печати
Вести

20.4.2022

.

Врз основа на член 52  од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) се донесува:

.

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување на ИТНА седница на Совет на Општина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на 21.04.2022 година (четврток), со почеток во 9 часот во кабинетот на градоначалникот

.

 ДНЕВЕН РЕД

  1. Донесување на Одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за обезбедени средства како сопствено учество за реализација на проектот „Создавање предуслови за инфраструктурна поврзаност на н.м. Журче со Регионален пат Р1306“.
  2. Донесување на Одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за обезбедени средства како сопствено учество за реализација на проектот “Искористување на конкурентските предности на Пелагонискиот регион преку подобрување на патната инфраструктура“.
  3. Донесување на Одлука за издавање деловен простор, сопственост на Општина Демир Хисар под закуп.
  4. Донесување на Решение за измена на Решението за разрешување на член во Училишен одбор претставник од локална самоуправа во ООУ „Гоце Делчев“, Демир Хисар.
  5. Предлози и прашања. 

.

Бр.17-469/1                                                        Совет на Општина Демир Хисар
20.4.2022 година                                                             Претседател 
Демир Хисар                                                               Љупчо Најдовски с.р.