ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Печати
Вести

4.5.2022

.

patron-praznik-oou-goce-delcev


.По повод 119 годишнината од смртта на визионерот, учител, идеолог и македонски револуционер, Гоце Делчев, општинска делегација предводена од градоначалникот Никола Најдовски и делегација предводена од ООУ „Гоце Делчев“, положија цвеќе и се поклонија пред споменикот на Гоце Делчев во дворот на училиштето, а каде што и на традиционален и свечен начин се одбележа и патрониот празник на најголемото општинско основно училиште.

.
patron-praznik-oou-goce-delcev-2
.
patron-praznik-oou-goce-delcev-1
.
Официјалниот дел од свечената програмска церемонија започна со натпревар во мал фудбал помеѓу екипа составена од ученици од ООУ „Гоце Делчев“, Демир Хисар и екипа составена од ученици од подрачните училишта во склоп на училиштето кои се наоѓаат во населените места на територијата на општината, кој се одигра на отворен спортски терен.
.
patron-praznik-oou-goce-delcev-3
.
Свечената централна манифестација се одржа во спортската сала во училиштето, со богата свечена приредба и богата културно - уметничка програма, како и рецитал и драмска презентација подготвена од страна на учениците и нивните наставници.
Директорката на ООУ „Гоце Делчев“, Валентина Димоска, во своето поздравно и воведно обраќање им го честиташе патрониот празник на сите наставници и ученици и, воедно, упати голема благодарност до градоначалникот Најдовски што, со неговото присуство ги удостои да биде дел од овој голем значаен ден за нивното училиште.
- Чест и задоволство ми е што имам прилика денес да говорам во оваа посебна свечена пригода пред сите вас и да го честитам нашиот патрон празник на училиштето со искрени пожелби да постигнеме сите заеднички повисоки и достојни резултати и да придонесеме за подобро утре на нашите ученици, за како и досега, да продолжиме да се гордееме со нив и во иднина. Имаме етаблирано многу успешна и одлична соработка со локалната самоуправа и градоначалникот Најдовски и максимално и посветено сме вклучени во активностите во сите сегменти што водат до напредок и континуиран развој на училиштето, рече директорката.
Димоска, срдечно им се заблагодари и на сите професори и ученици за нивниот вложен труд, што се вклучија во организирањето и учествуваат во активностите по повод патрониот празник.
.
patron-praznik-oou-goce-delcev-4
.
Градоначалникот Најдовски им го честита патрониот празник на учениците и на сите вработени во ООУ „Гоце Делчев“ ѝ им посака уште многу успеси, поголеми и позначајни резултати.
- Да бидам искрен, особено сум среќен и чувствувам лична сатисфакција бидејќи сум дел од вас како ваш колега, а голема е честа и привилегијата да се говори на ваков настан - одбележување на патрон празник на нашето најголемо општинско основно училиште. Посветено и интензивно работиме на крупни проекти, капитални инвестиции за подобрување на инфраструктурата во образованието, а сè со цел да создадеме најквалитетни услови за едукација на нашите најмлади сограѓани и да обезбедиме современи услови за работа, со што и есенцијално ќе придонесеме за изградба на едно прогресивно општество.
Има многу да се зборува за нашиот најголем македонски великан, и затоа, со огромна почит и пиетет, денес, чествуваме 119 години од смртта на големиот македонски национален херој, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија. Ликот и делото на големиот македонски револуционер oстанува врежано во колективната меморија на македонскиот народ и Република Македонија, а наша задача и обврзувачка должност е вечно да го негуваме и чуваме неговото дело. Да се биде учител, наставник, професор, воспитувач е најубавата, но и најодговорна професија. Ви го честитам патрониот празник и ви посакувам високи резултати во спроведувањето на најблагодарната мисија на човештвото - воспитание и образование на младите, истакна градоначалникот Најдовски.
.
patron-praznik-oou-goce-delcev-5
.
patron-praznik-oou-goce-delcev-6
.
patron-praznik-oou-goce-delcev-7