26. РЕГИОНАЛНИ ПЕНЗИОНЕРСКИ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ PDF Печати
Вести

16.6.2022

.

sportski-penzionerski-nastan

.

- 26. РЕГИОНАЛНИ ПЕНЗИОНЕРСКИ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ ОД 3. РЕГИОН, НА КОИ ОВАА ГОДИНА ПО ТРЕТ ПАТ ДОМАЌИН БЕШЕ ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ, ДЕМИР ХИСАР

Под покровителство на Сојузот на Здруженија на пензионери на Македонија, а со поддршка на градоначалникот на Општина Демир Хисар, се одржа спортска манифестација - пензионерски спортски настан, на спортското игралиште при ООУ „Гоце Делчев“, Демир Хисар, а по повод спортот и физичката активност, како еден од најважните столбови кои го одржува физичкото и психичкото здравје на сите, а особено на луѓето од третата доба.

.
sportski-penzionerski-nastan-1
.
Свечениот чин за отворање на натпреварите во повеќе спортски категории, официјално започна со пригодното обраќање на градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски, кој, им посака на сите топло и срдечно добредојде во Демир Хисар ѝ им посака многу среќа и успеси во игрите, а, исто така, упати и благодарност до Здружението на пензионери, Демир Хисар, што се домаќини на пензионерските регионални спортски натпревари од 3. регион и ја афирмираат континуирано општината.
- Спортот е превенција за здравјето и овозможува социјална интеграција, другарување и заедништво. И не случајно, во рамките на Општина Демир Хисар, активностите на Демирхисарското Здружение на пензионери имаат приоритетно значење. Задоволство ми е да се дружам со луѓе за кои годините не се изговор, туку, мотив и импулс плус за повеќе негување на спортскиот дух. Нека победат најдобрите и најподготвените, но, се разбира и, оние кои ќе имаат најмногу среќа. Ви посакувам добро здравје, долг живот и да се видиме во некоја наредна прилика, истакна Најдовски.
.
sportski-penzionerski-nastan-2
.
После завршување на натпреварите, претседателот на Здружението на пензионери од Демир Хисар, Кирило Блажевски, им додели дипломи на најдобрите и најуспешните, а воедно и, не ја исклучи и можноста да изрази благодарност до сите ширум регионот кои зедоа активно учество и се приклучија кон спортските активности, како и за придонесот да се шири надежта, соживотот и другарството помеѓу пензионерите, со што ќе се добие достоинствена содржина и соодветен квалитет.
.

sportski-penzionerski-nastan-3


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер