ШУМАРСКИ ВО ПОСЕТА НА ДЕМИР ХИСАР PDF Печати
Вести
Dekan-shumarski-1

23.11.2011

Како да се подигне нивото на интерес кај идните средношколци за изучување на шумарските науки и новите иницијативи на Шумарскиот факултет за имплементирање проекти од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина, беа основни прашања за кои се разговараше при посетата на деканот на Шумарскиот факултет во Скопје, професор д-р Александар Трендафилов на Демир Хисар.

На средбата со градоначалникот на општината, Тони Ангелевски и директорот на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ Кире Ристевски, беше потенцирана потребата од т.н. поагресивна промотивна кампања во текот на целата учебна година за зголемување на интересот кај идните среднишколци и студенти за запишување на шумарската струка во средното училиште и продолжување на студиите на единствениот факултет од оваа област, Шумарскиот факултет при УКИМ во Скопје. Градоначалникот Ангелевски потенцира дека општината Демир Хисар ги има сите природни, технички и образовни предиспозиции младите да се определат за изучување на овие науки, а сепак интересот од година во година е се помал. Поздравувајќи го интересот на Шумарскиот факултет за продолжување на традиционалната соработка со средното училиште, додаде дека можеби во иднина е потребно вклучување на Училиштето во заеднички проекти со Шумарскиот факултет преку учество на нивни професори во процесот на наставата во Училиштето, организирање почести посети на факултетот и запознавање на средношколците, па и осмоодделенците со можностите за продолжување на образованието на шумарските науки, заеднички научни екскурзии, теренска настава и други афирмативно – едукативни форми на соработка.

На средбата со градоначалникот, претставниците на Шумарскиот факултет ја афирмираа идејата за реализација на проект ГРАДСКИ ШУМИ во секој град на РМ. Овој проект би се реализирал во соработка со општините, а ќе претставува „освојување“ на нови зелени појаси што ќе продионесат облагородување на животната средина, особено во урбаните средини. Подигнувањето на нови шуми во градските средини исто така ќе придонесе за нивно разубавување, а во догледен временски период би можело да биде место и за одржување на настава во природа и сл.

Посетата на Демир Хисар беше остварена на заедничка иницијатива на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ каде што повеќе години постои шумарско – преработувачка струка, и Шумарскиот факултет, единствена високообразовна институција од оваа област каде што наставата се изведува во две студиски програми – шумарство и озеленување и унапредување на животната средина.

Делегацијата на Шумарскиот факултет го посети и манастирот „Св. Јован Крстител“ кај Слепче.

Dekan-shumarski-2

Dekan-shumarski-3

Dekan-shumarski-4

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер