ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ПРЕСПАНСКО - ПЕЛАГОНИСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА PDF Печати
Вести

24.6.2022

.

sredba-so-prespansko-pelagoniska-eparhija

.

Денес, во работниот кабинет на градоначалникот, се реализира средба на која присутен беше Митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски, г. Петар, а по повод формирање на Иницијативен одбор за изградба на храм Св.Кирил и Методиј во Демир Хисар.
Како што е општо познато, односно на една од претходните седници на Совет на Општина Демир Хисар, се донесе Одлука за формирање на истиот, со што ќе се отпочне и со првата фаза за изградба на храмот кој, повеќе од една деценија беше ветен за изградба.
На денешната средба, градоначалникот Никола Најдовски, ја истакна важноста за имплементација на овој проект и, како што и нагласи самиот, општината стои со сите расположливи капацитети и во рамки на своите надлежности и можности ќе помогне во изградбата.
.
sredba-so-prespansko-pelagoniska-eparhija-1
.
На средбата присуствуваше и пратеничката Марија Кочовска, која потенцираше дека, после допрецизирање на активностите и состојбите со формирањето на Иницијативниот одбор, се обврзува да ја запознае и Централата, чијашто помош е повеќе од неопходна во поглед на обезбедување на финансиски средства во градежните работи, односно Министерствата во Извршната власт да дадат свој придонес, со што дополнително ќе се овозможи да овој проект биде целосно спроведен и реализиран.
Митрополитот г. Петар, информираше подетално за започнување со постапката, односно, јасно и подробно ги образложи подготвителните активности и протоколарните обврски кои ги има Епархијата за изградба на верски објект.
.
sredba-so-prespansko-pelagoniska-eparhija-2
.
Она што произлезе од продуктивната дискусија, односно она што беше констатирано е, тоа што, потребно е да се интензивираат работните активности и пред сè, во најбрз можен рок да се формира Иницијативен одбор, а меѓу другото, се донесе и одлука да се објави и Јавен повик за секој кој има желба вистински да помогне и придонесе околу изградбата, да се пријави на повикот.
После формалниот дел, Митрополитот г. Петар, даде и благослов за успешна организација, и посака со Божја волја и помош да се отпочне со активностите за изградба на овој голем свет храм во Општина Демир Хисар.


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер