ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ Печати
Вести
Ekskurzija-1

24.09.2011

Под покровителство на градоначалникот на општината Тони Ангелевски, а во организација на претседателот на општинското здружение на пензионерите, Драган Ангелевски, изминатиов викенд беше организирана еднодневна екскурзија по западна Македонија.

Педесетина пензионери од повеќе населени места во општината, беа во обиколка на Мавровското Езеро задржувајќи се неколку часа во прекрасното мавровски крајбрежие. Околу пладне беше организирана посета на манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски и манастирот  Св. Ѓорѓи Победоносец кај селото Рајчица. При посетата на овие познати македонски духовни светилишта, градоначалникот Ангелевски имаше средба со одговорните манастирските старешини од што произлегоа идеи и предлози за воспоставување на форми на можна меѓусебна соработка.

Попладнето демирхисарските пензионери уживаа во прекрасното и живописно зеленило на Вевчанските извори, ги посетија локалните  споменици во Вевчани, а приквечер имаа прошетка низ градот Струга.

Градоначалникот на општината веќе неколку години безрезервно ги поддржува сите активности на пензионерите кои што последниве месеци  посебно се интензивирани и содржински осмислени. Градоначалникот Ангелевски и здружението на пензионерите во 2010 година потпишаа меморандум за соработка.

Ekskurzija-3
Ekskurzija-4
Ekskurzija-5