СВЕЧЕНОСТИ ПО ПОВОД 2. СЕПТЕМВРИ, ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ДЕМИР ХИСАР PDF Печати
Вести

2.9.2022

- ОДРЖАНА СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР, А ПО ПОВОД 2. СЕПТЕМВРИ, ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ДЕМИР ХИСАР

.

svecenosti-po-povod-2-septemvri-denot-na-demirhisar-4

.

По повод празникот 2. Септември, Денот на ослободувањето на Демир Хисар, се одржа свечената седница на Совет, којашто ја отвори претседателот на Совет, Љупчо Најдовски, во големата сала во Домот на културата „Илинден“, а на којашто свои пригодни обраќања имаа проф. д-р Менде Солунчевски, претседател на ОО Сојузот на борците од Демир Хисар, и градоначалникот Најдовски.
Солунчевски, конкретно се осврна да говори за историскиот период и народноослободителното движење во Демир Хисар и Македонскиот народ во II. Светска војна, односно за формирањето на првите партизанско-партиски ќелии во населените места на територијата на Демир Хисар, со што се одиграла клучна улога во револуционерното активизирање на населението во борбата против окупаторот.
.
svecenosti-po-povod-2-septemvri-denot-na-demirhisar-7
.
Градоначалникот Најдовски, при своето излагање пред присутните гости потенцираше со посебен акцент дека, локалната самоуправа настојува кон реализација на нови проекти кои ќе донесат подобар животен стандард за сите и го честиташе празникот од негово лично име и од името на општинската администрација ѝ изрази честитки до сите граѓани на Демир Хисар, со искрени желби за добро здравје, лична, семејна и општествена благосостојба, радост, љубов, спокој, меѓусебна почит, просперитетна иднина и среќен живот на сите, на своето пригодно обраќање на свечена седница на Совет на Општина Демир Хисар.
- Во овие тешки моменти кога се соочуваме со глобална економска криза, наша приоритетна обврска и пред сè, примарна должност е да обезбедиме подобри услови за живот, да работиме посветено на имплементација на проекти кои сè од исклучително и суштинско значење за јавниот интерес, преку што одговорно ги застапуваме и заеднички сме вклучени во процесот да овозможиме развој и перспективна иднина за нашите сограѓани. Со посебно и огромно чувство на радост и исполнетост, сакам да укажам до сите наши сограѓани и пошироко до сите демирхисарци низ целиот свет дека, Демир Хисар има големо културно и историско богато минато, но и огромно природно богатство, а јас одговорно тврдам дека во понатамошниот период од позиција на градоначалник, ќе се залагам за што поголема афирмација за нашата општина, а со тоа и да се овозможат поволни услови за инвестициони проекти кои ќе донесат економски прогрес тука, во Демир Хисар. Порачувам до идните помлади генерации да ги негуваат, континуирано да ги чуваат историските и културните вредности, бидејќи ова револуционерно место има со што да се гордее, истакна Најдовски.
.
svecenosti-po-povod-2-septemvri-denot-na-demirhisar-6
.
svecenosti-po-povod-2-septemvri-denot-na-demirhisar-5
.

Денешното општинско чествување по повод „2-ри Септември“, Денот на ослободувањето на Демир Хисар, претходно, започна според востановена традиција преку пригодни свечености со полагање цвеќе на спомен обележјата во Демир Хисар и оддавање почит, во слава, чест и благодарност кон сите што ги дале своите животи за слободата на Демир Хисар и Македонија, од страна на општинска делегација предводена од градоначалникот Никола Најдовски, советници, делегации предводени од Јавни установи и претпријатија, Општинскиот одбор на сојузот на борците од Демир Хисар, Здружението на пензионери од Демир Хисар и претставници од политички субјекти на локално ниво.

.

svecenosti-po-povod-2-septemvri-denot-na-demirhisar

.

svecenosti-po-povod-2-septemvri-denot-na-demirhisar-1

.

Во рамки на денешните свечени и пригодни активности, градоначалникот Најдовски изврши и увид на градежните работи во изградбата на новиот градски забавен, модерен и рекреативен парк, со нови реквизити, преку чија посета и, го честиташе патрониот празник на Детската градинка „Втори Септември“, Демир Хисар.
.
svecenosti-po-povod-2-septemvri-denot-na-demirhisar-2
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер