Јавни претпријатија и установи
КИНО ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМОТ „ВСЕЛЕНСКО МОМЧЕ“ |
![]() |
![]() |
Вести |
20.9.2022 . - Детскиот Белгиски филм „Вселенско момче“, во режија на Оливие Перу, на 23. септември (петок), премиерно ќе се прикаже во Домот на културата „Илинден“, Демир Хисар, со почеток од 20 часот. . . Филмот е добитник на низа награди на фестивали за филмови за млади меѓу кои и Европската награда за филм за деца и награда од детското жири на Интернационалниот филмски фестивал во Рига. Филмот ја освои и главната награда на Интернационалниот детски и младински фестивал во Бусан. Сценариото е на Еузебио Лареа и Оливие Перу. Младиот протагонист во „Вселенско момче“ е 11-годишниот Џим кој е вљубеник во вселената и науката. Доселувајќи се во нов град со татко му, Џим треба да учествува на натпревар за млади научници со неговата нова соученичка Ема, чувствително и срамежливо девојче. И покрај нејзината неподготвеност, Џим ја убедува да го имитира проектот „Екселсиор“ на Китингер (првиот човек кој стигна до границата на вселената во 1960 година) и тајно да направи вистински воздушен балон. Овој талент го наследува од неговиот татко, Греам, астрофизичар кој треба да оди на вселенска мисија. Бидејќи мајката на Џим е почината, овој проект му е многу важен. Но, кога открива дека Греам се откажал без да му каже, неговиот свет се распаѓа. Натпреварот се претвора во опсесија и Џим сака да докаже дека нема да се откаже како неговиот татко. Џим ја турка Ема до нејзините граници и ја вовлекува во авантура која ќе ги зближи. . Влез: 100 ден. |