МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „ВИКТОР ИЛИОСКИ“, 2022 ГОДИНА PDF Печати
Вести

20.9.2022

.

memorijalen-turnir-viktor-ilioski

.

Во спортската сала „Јордан Пиперката“, Демир Хисар, се одржа Меморијален турнир во мал фудбал Виктор Илиоски, кој траеше од 16. до 18. септември, а каде што на официјалното отворање присуствуваше и градоначалникот Никола Најдовски, кој имаше и воведно пригодно обраќање.
Најдовски на свеченото отворање оддаде достојна почит кон прерано починатиот Виктор и потенцираше дека овој турнир од наредна година треба да добие поголема несебична поддршка и организација со помош на општината, а во рамки на можностите.
- Ви посакувам фер и коректна игра на сите екипи - учесници и, дозволете ми, во оваа прилика да се заблагодарам на учеството, со кое преку фудбалската игра на терен, иако во овој помал формат, оддаваме почит кон нашиот Виктор, со што вечно ќе се потсетуваме на него, и вечно ќе живее во нашите срца!, рече Најдовски.
.
memorijalen-turnir-viktor-ilioski-1
.
Завршната финална вечер се одигра во неделата, на ден 18.9.2022 година. Првото место му припадна на екипата Здружение на граѓани „Валентин Стефановски“, второ место за Здружение на граѓани „Виктор Илиоски“ и освено трето место за екипата „Феникс“.
.
Од Здружението на граѓани „Виктор Илиоски“, кои, всушност, беа и организатори на овогодинешниот турнир, изразија благодарност до сите учесници и помагатели за беспрекорно одвивање на сите натпревари.
- Честитки до сите учесници на овогодинешниот Меморијален турнир во чест на нашиот Вице. Оставивте срце на терен, како што тој некогаш го правеше тоа. Бидете здрави и живи!
Се гледаме следната година!, стои во објавата на Здружението.
.
На крајот од свечената завршна финална вечер беа доделени и пехарите за најдобрите и врачени беа Благодарници за значајниот придонес во организацијата , а со тоа и официјално се затвори Меморијалниот турнир за 2022 година.
.
(ФОТО)
.
memorijalen-turnir-viktor-ilioski-2
.
memorijalen-turnir-viktor-ilioski-3
.
memorijalen-turnir-viktor-ilioski-4
.
memorijalen-turnir-viktor-ilioski-5
.
memorijalen-turnir-viktor-ilioski-6
.
memorijalen-turnir-viktor-ilioski-7


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер