РОДНОКРАЈНА СРЕДБА НА ПИСАТЕЛИТЕ Печати
Вести
Pisateli-1

30.09.2011

Божин Павловски е годинашен добитник на престижната награда за животно дело што веќе втора година ја доделува општината Демир Хисар


Писателите со демирхисарско потекло, повторно се собраа на традиционалната роднокрајна средба што се одржа во родниот град.

На свечената приредба што по тој повод се одржа во Домот на културата, на присутните им се обратија градоначалникот на општината Демир Хисар, Тони Ангелевски и  претседателот на Друштвото на писатели на Македонија, Раде Силјан, кој, исто така, е со демирхисарско потекло. Со своја поезија и проза настапија Веле Смилевски од Ново Село, Добре Тодоровски од  Бабино, како и поети и писатели од Битола.

Во отсуство на годинашниот лауреат на престижното и највисоко општинско признание „Награда за животно дело“, писателот Божи Павловски, за неговиот животен и творечки пат говореше Милица Радевска. Наградата дополнително ќе му биде врачена.

Pisateli-3RadePisateli-4Pisateli-5