ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА СОУ „КРСТЕ П. МИСИРКОВ“ PDF Печати
Вести

18.11.2022

.

odbelezan-patron-praznik-na-sou-krste-p-misirkov-1

.

odbelezan-patron-praznik-na-sou-krste-p-misirkov

.

Денес, по повод 148 годишнината од раѓањето на македонскиот филолог и кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, Крсте Петков Мисирков, општинска делегација предводена од градоначалникот Никола Најдовски, делегација од СОУ „Крсте Петков Мисирков“ предводена од директорката на училиштето, Јасмина Дамчевска, положија цвеќе на спомен плочата на основоположникот на современиот литературен јазик, историчар, етнограф и публицист, Крсте Петков Мисирков, која се наоѓа во дворот на училиштето.
Согласно утврдена протоколарна агенда за одбележување на празникот од страна на училиштето, официјалниот дел од свечената церемонија започна со воведно обраќање на директорката Дамчевска која ги поздрави сите присутни, особено го поздрави градоначалникот Најдовски, а во знак на етаблирана успешна соработка му врачи пригоден поклон и се заблагодари за несебичната поддршка околу програмските активности кои се беспрекорно реализирани.
.
odbelezan-patron-praznik-na-sou-krste-p-misirkov-2
.
Градоначалникот Најдовски, во своето пригодно обраќање на целиот просветен кадар и на сите вработени, како и на сите ученици им го честиташе празникот ѝ им посака успех и искрени пожелби за постигнување на високи резултати во воспитно - образовниот процес.
- Чест и посебно задоволство ми е, а особено несекојдневна привилегија како градоначалник да говорам пред моите искрени пријатели и колеги од просветата. Ви честитам на сите кои посветено и максимално се залагате, а воедно и сте вклучени во активностите во сите сегменти што водат до напредок и континуиран развој на училиштето. Ќе продолжиме да инвестираме за подобрување на инфраструктурата во образованието, сè со цел да обезбедиме современи услови за работа, со што ѝ, есенцијално, ќе придонесеме за изградба на едно прогресивно општество.
.
odbelezan-patron-praznik-na-sou-krste-p-misirkov-3
.
Во холот на училиштето кој е наменет за презентации, беа доделени дипломи и пофалници на најдобрите ученици, наградени за литературни творби, а исто така, и пофалници на ученици-учесници во спортски училишни натпревари, кои се одржаа во рамки на одбележувањето на патрониот изминативе денови. Последователно на тоа, учениците се претставија преку извонреден културно - уметнички перформанс подготвен во корелација со нивните професори, етно презентација и изведба на песни од нашето фолклорно наследство.
.
odbelezan-patron-praznik-na-sou-krste-p-misirkov-4


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер