ПОЛСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ДЕМИР ХИСАР Печати
Вести
Poljaci-1

04.10.2011

Претставници на познати полски стопански гиганти,  денеска беа во посета на општината Демир Хисар. Сопственикот на холдингот ASCO, Andrzej Spitzbarth, и директорот на познатиот произведувач на градежни машини HYDROS што е дел од холдингот ASCO, Jacek Ostazsewski,

се интересираа за потенцијалите на општината за инсталирање поризводствени погони во Демир Хисар. Тие се заинтересирани во нашава земја да инвестираат во изградба на производствени капацитети за производство на машини во градежништвото и опрема за електрилни централи, енергетски системи, опрема за ветерници и сл. Во оваа фаза тие се подготвени да инвестираат во општини каде што постојат извесни инфраструктурни предуслови, односно во празни и напуштени постоечки капацитети.

Во едночасовниот разговор со градоначалникот Тони Ангелевски, гостите од Полска беа информирани за можностите на општината за прифаќање на ваква странска инвестиција. Пред се предностите во инфраструктурната изграденост, расположивите производствени капацитети, добрите патни врски, човечките ресурси, па и постоењето на директна железничка линија.

Задоволни од средбата, гостите попладнето беа гости на градоначалникот Ангелевски и посетија неколку природни и културно – историски споменици.

Poljaci-2Poljaci-3RT-30-1mWZ30-25G-1m