Јавни претпријатија и установи
СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА УЧИТЕЛОТ |
![]() |
![]() |
Вести |
![]() 05.10.2011 „Сакам да Ви го честитам денот кога изразуваме благодарност и почит за знаењето кое го пренесувате и за трпението што секојдневно им го подарувате на нашите деца водејќи ги во нови и вредни сознанија, рече градоначалникот Ангелевски на свечената приредба по повод Светскиот ден на учителот Учителите и учениците од Демир Хисар, денеска имаа голема причина посебно да му се радуваат на 5 октомври, меѓународниот Ден на учителот. Во најстарото и најголемо општинско основно училиште „Гоце Делчев“, на пригоден начин беше предаден во употреба реконструираниот санитарен јазол и новата надворешна столарија, донација на познатата компанија „Сокотаб“. Џонатан Вертајмер, претседател на Управниот одбор и генералниот менаџер Јигит Тунџел на компанијата „Сокотаб“ присуствуваа на свеченостите што по овој повод се одржаа во училиштето и видно задоволни од реализацијата на проектот, најавија продолжување и продлабочување на соработката со општината и училиштето, особено во делот на подобрување на условите за работа во основното и средното образование. На присутните им се обрати градоначалникот на општината, Тони Ангелевски, кој честитајќи им го Денот на учителот на присутните пензионирани и активни учители, рече, дека славењето на учителите најдобро се прави кога 365 дена во годината ќе покажуваме дека ја разбираме нивната благородна, тешка и макотрпна работа и, како што додаде, ако денеска одлучиме, секој од нас да му каже „Благодарам“, барем на еден учител. На свеченоста говореа директорот на училиштето Горан Костовски и Димче Митревски, претставник на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) Реконструкцијата на санитариите во училиштето „Гоце Делчев“ е најголема инвестиција во 60 годишното постоење на училиштето, како по обем, така и по вредност на изведените работи. Над 60 илјади евра, средства што преку Македонскиот центар за меѓународна соработка ги донираше компанијата „Сокотаб“, се инвестирани за целосна реконструкција на санитариите и дел од надворешната столарија. По повод Денот на учителот и предавањето во употреба на новите занитарии, учениците приредија културно – уметничка програма. |